Британскиот крал Чарлс Трети ја напушти приватната клиника во Лондон, по „корективна процедура“ поради зголемена простата.
Снаата на Чарлс, принцезата од Велс Кетрин неодамна беше оперирана во истата болница и денеска беше објавено дека се вратила во палатата Кенсингтон.
Седумдесет и петгодишниот Чарлс однапред најавил дека ќе оди на операција, со цел да ги поттикне мажите да ја проверат состојбата на нивната простата, јавува АП.