Македонија

Заев да предложи нов министер за финансии, ДКСК ја побарале документацијата од М-НАВ за радарскиот тендер

Откако испратија препорака до премиерот Зоран Заев на 26 јуни кога беше именувањето на новите министри, дека не може заедно со премиерската да ја врши и министерска функција, Антикорупциска денеска со порака во најскоро време да се определи нов министер за финансии. „Заев како премиер може да врши надзор над работата на министерството. Таму има заменик министер и тој е овластен во ваква ситуација. Не може ваков важен ресор да се остави без министер на подолг рок и затоа укажуваме во најкус можен рок премиерот да предложи кој ќе биде новиот министер што ќе ги води финансиите“, истакна Ивановска.

Од Антикорупициска доставиле барање до Македонска навигација да ја достават целокупната документација и се што е поврзано со овој случај. Од Владата ќе бараме да ни кажат во кое својство и како еден генерален секретар на Влада бил вклучен во целата оваа процедура и зошто е развлечена тендерската постапка со години иако договорот бил постигнат во 2016 година,  истакна на денешниот брифинг првата анктикорупционерка Билјана Ивановска. Од Комисијата најавија дека ќе разговараат и со разрешениот директор на навигација Климент Чепуњовски.

Инаку, денешниот брифинг главно беше посветен на судирот на интереси и интегритетот на носителите на јавни функции во земјава. По последната конференција на ГРЕКО има 23 препораки од кои 13 се однесуваат само на проблемот со корупцијата. Судирот на интереси е добра основа за корупција, истакнаа антикорупционерите што се среќава кај функционерите и затоа мора да се работи на јакнење на интегритетот на функционерите. За таа цел  ГРЕКО препорачува Владата да ангажира лице кое што ќе работи на подигнување на нивниот интегритет.

Лицето за интегритет веројатно е оставено на диспозиција на самата Влада да го назначи и одреди, во секој случај ќе мора да исполнува одредени критериуми, да има доволно авторитет да дава совети за членовите на Владата, но и неговата позадина, или бекграунд да биде исклучително чиста.

Меѓу првите кои треба да ја поминат обуката треба да биде генералниот секретар Рашковски, кој покажа несоодветен однос пред новинарите на прес конференцијата, истакнаа антикорупционерите на денешниот брифинг. Покрај за Владата лица кои ќе бидат задолжени за интегритетот и настапот на функционерите ќе бидат потребни и за парламентот, како и за други државни институции.

РЕПОРТЕР: СВЕТЛАНА УНКОВСКА 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни