Македонија

Наставата во Чашка до крајот на учебната година ќе се реализира во постојаниот објект по адаптирани наставни програми

Наставата во Чашка до крајот на учебната година ќе се реализира во постојаниот објект по адаптирани наставни програми

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за образование и наука за давање позитивно мислење за основање на општинското основно училиште во општина Чашка како трајно решение и даде позитивно мислење.

Наставата на сите ученици во основното училиште „Тодор Јанев“ во општината, времено, односно до крајот на учебната година, ќе се реализира во постојниот објект и по адаптирани наставни програми.

Решението за продолжување на воспитно – образовниот процес во училиштето, на сите ученици и на нивниот мајчин јазик е изнајдено преку дијалог инициран од премиерот Талат Џафери, во координација на Министерството за образование и наука, а со учество на пратеници од сите политички партии, претставници на локалната самоуправа и засегнатите страни за решавање на прашањето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни