Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во затвор, соопшти Регионалниот оддел за поправни служби.
„На 16 февруари годинава во воспитно-поправниот дом број 3 осуденикот Наваљни А.А. по прошетка се чувствувал лошо, а набрзо изгубил свест. Веднаш пристигнале медицински работници од установата и била повикана екипа на Итна медицинска помош“, се наведува во соопштението.
Во соопштението се наведува дека лекарите се обиделе да го реанимираат, но за жал не успеале да го спасат.
Оваа вест е во развој…ве молиме следете ја оваа страница за повеќе детали!