Свет

ЕУ смета дека Русија е одговорна за смртта на Алексеј Навални

ЕУ смета дека Русија е одговорна за смртта на Алексеј Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека блокот смета дека рускиот режим сноси „единствена одговорност“ за „трагичната смрт“ на Навални.

Во објавата на X, Мишел рече дека Навални „се борел за вредностите на слободата и демократијата“ и ја направил „крајната жртва“ за своите идеали.

„Го изразувам моето најдлабоко сочувство до неговото семејство. И до оние кои се борат за демократија ширум светот во најтемни услови. Борците умираат. Но, борбата за слобода никогаш не завршува“, додаде Мишел.

Рускиот претседател Владимир Путин е информиран за смртта на Навални, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков, исто така, во петокот рече дека руската казнено-поправна служба ги прави „сите проверки“ во врска со смртта на Навални, но дека нема други информации за ова прашање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни