Свет

Болницата во Лабитнанги: Лекарите се обидуваа да го реанимираат Навани повеќе од 30 минути

Болницата во Лабитнанги: Лекарите се обидуваа да го реанимираат Навани повеќе од 30 минути

Руските лекари повеќе од 30 минути се обидувале да го реанимираат опозицискиот лидер Алексеј Навални во затвор – соопшти локалната болница, пренесува Интерфакс.

Веста за смртта на Алексеј Навални, еден од најистакнатите противници на режимот на рускиот претседател Владимир Путин, во затвор во Арктичкиот круг, ја објави денеска руската затворска управа.

„Лекарите кои доаѓаа во затворот повеќе од 30 минути ја повторуваа процедурата за реанимација, која пред нив ја спроведоа затворските лекари. Сепак, пациентот почина“, соопшти болницата во малиот град Лабитнанги, во близина на казнената колонија каде што беше затворен Навални.

Портпаролката на Навални Кира Јармич објави дека еден од нивните адвокати отишол таму.

За потсетување, Алексеј Навални почина денеска во затвор каде издржуваше казна од 19 години, соопштија од затворската служба, додавајќи дека се утврдуваат причините за смртта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни