Во пожар што зафати две станбени згради во Валенсија на истокот на Шпанија четири лица загинаа, а 19 се водат како исчезнати, соопштија денеска властите. Објавени се и фотографии и видеа од тоа како изгледале зградите утрото по страотниот пожар. Итните служби трагаат по дури 15 лица кои се водат како исчезнати
– Ова е тажен ден за Валенсија – изјави градоначалничката на градот, Марија Хозе Катала.
Надлежните велат дека жителите побегнале од пожарот на балконите, од каде што пожарникарите спасиле неколку лица користејќи кранови. Според нив, најмалку 13 лица се повредени, претежно со скршеници, изгореници и прекумерно вдишување чад.
Меѓу повредените има и шест пожарникари.
Los operarios siguen trabajando en enfriar el edificio para poder acceder a él
Así amanece Valencia. Día triste para toda la ciudad 🖤🙏 pic.twitter.com/ZRokFyae1q
— nostresport.com (@Nostresport) February 23, 2024
Локалниот функционер Хорхе Суарез утринава изјави дека четири лица загинале и дека пожарникарите се обидуваат да ги изладат ѕидовите однадвор за да влезат во зградата.
Причината за пожарот не е позната, но некои медиуми јавуваат дека пожарот многу брзо се проширил поради материјалите во конструкцијата на зградата.
Шпанската метеоролошка агенција „Аемет“ извести дека вчера во Валенсија дувале ветрови со брзина до 60 километри на час.
Не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на пожарот.