„Република Македонија под водството на криминалната банда и аболицираниот Заев е загубена држава. Држава во која граѓаните ја загубија надежта дека може да биде подобро, во која никој не верува дека може да има пристоен живот, дека економската состојба може да се подобри, држава во која нема правда.
Отсуството на правната држава, негативно се одразува на сите аспекти од животот на граѓаните. Башибозукот на криминалната банда на власт ги одвраќа странските инвеститори, го девалвира целиот државен апарат, влијае врз одлуката младите да си заминат од државата, директно им штети на граѓаните. Повеќе од очигледно е дека за шерифите на Заев не важат законите, па можат да прават буквално се што сакаат.
Во рок од само две ипол години македонската јавност беше сведок на стотици скандали на власта, кои направија граѓаните да ја загубат надежта во сопствена држава.
Дали во било која Европска држава човек кој како што сам вели работи спротивно на законите може да биде носител на државна функција. Само во Македонија на Зоран Заев, Драги Рашковски може се уште да е Генерален секретар на Влада, откако навреди голем број свои сограѓани како и народот на држава партнер како Италија. Само со Зоран Заев како премиер, човек за кој цела Македонија слушна како местел тендери може да биде носител на јавна функција
Да не заборавиме на монструозноста на Курто Дудуш кој беше пријавен, дека киднапирал и измачувал човек. Овој човек се уште е градоначалник на општината Шутка од редовите на СДСМ и покрај фактот што цела Македонија слушна како тепа и измачува граѓанин на општината со која самиот раководи“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.