Годишниот извештај за работата на Советот на Јавни обвинител за 2018 година, изнесе на виделина дека главниот проблем се празните места на јавните обвинители кои со години не се пополнуваат. Првиот човек на Советот, Коле Штерјев, вели дека минатата година биле избрани 25 обвинители, главно на раководните позиции, но потребни се уште 47 обвинители. Ова беше констатирано на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Според извештајот, во 2018 година е зголемен бројот на граѓаните незадоволни од работата на обвинителите. Во извештајот пишува дека во 2018 година се поднесени 201 претставка, што е 24% повеќе во споредба со 2017 година. Повеќе претставки пристигнале од оштетените, а помалку од обвинетите лица.
Во извештајот меѓу другото, пишува дека Советот на Јавните обвинители не е доволно снабден со техничка опрема и дека е неопходно што поскоро целосно буџетско осамостојување на Советот.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ