Македонија

Ковачевски за потеклото на прекарот Таче: И син ми почнаа да го викаат така…

Ковачевски за потеклото на прекарот Таче: И син ми почнаа да го викаат така…

Екс премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во подкаст на телевизија Сител раскажа од каде потекнува прекарот Таче.

„Имаат многу убави имиња моите баби – Андроника, Анастасијаз, Севастија, Марија, Анастасија и мојот дедо е Димитар, кој што го викале Таки, и потоа зошто бил прилично мал по раст станал Таче нагалено. И од него е надимакот, и од него и од татко ми, и мојот. Семеен надимак е“, вели Ковачевски.

Тој откри и дека неговиот син почнале да го викаат „Мали Таче“.

„И син ми доаѓа минатиот пат вели „абе тато излегувам од школо, оној докторот, што ти е на тебе пријател, ми вика кај си бе мали Таче“, и вика што е тоа? Епа викам тоа ти е, сега ќе бидеш мали Таче и после некое време ќе станеш Таче, и кога ќе добиеш син ќе добие тој мали Таче“, вели Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни