Македонија

Мицкоски: Ова е катастрофа, ВМРО-ДПМНЕ бара техничка влада и предвремени избори

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е катастрофално да се слушне содржината на снимката, која како што рече, Заев не ја негирал, туку напротив ја потврдил нејзината автентичност. Мицкоски вели дека Заев наместо извинување, требало да поднесе оставка. Според него катастрофално е тоа што се слуша во снимката дека согласноста за поткуп на верскиот лидер. Тој побара уште денес парламентарните групи да се состанат во рамките на Собранието, но и лидерите на партиите и да се донесе одлука за формирање на 100 дена техничка влада и да се распишат предвремени парламентарни избори.

-Мислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже во неговата прес конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори-рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека веќе трета година за сите неуспеси и скандали на владата и нејзините членови слушаме само извинувања, па затоа крајно време, е како што вели, да се понесе одговорност.

-Редно време е за оставка, и народот си го бара своето, а тоа е оставка и да завршат овие луѓе со одговорност пред судските органи, обвинителството да се позанимава што премиерот на државата ја доведе државата во подредена положба. Цел свет ни се смее, за што и зборуваме ние за какво извинување зборуваме, светот ни се смее луѓе-изјави Мицкоски.

Мицкоски потсети на скандалот со генералниот секретар на владата Драги Рашковски, потоа со градоначалникот на Шутка Курто Дудуш и снимката која се појави дека наводно вербално и физички напаѓа сограѓанин во неговиот кабинет, но и за снимката на поранешниот пратеник Павле Погоевски во која набавуваше наркотнични средства. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ воедно упати отворено прашање до Јавното обвинителство и судството, кога ќе има правда за секој граѓанин.

РЕПОРТЕР: ЕДИН РАСТОДЕР

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни