Свет

12-годишно момче обвинето за обид за убиство откако избоде тинејџерка

12-годишно момче обвинето за обид за убиство откако избоде тинејџерка

Момчето, кое не може да биде именувано од правни причини, во понеделник ќе се појави пред Судот на Медвеј

12-годишно момче е обвинето за обид за убиство откако тинејџерка била избодена со нож во Кент, Англија.

Итната помош била повикана да и помогне на 15-годишната жртва во петокот во 15 часот и 55 минути, која се здобила со убодни рани, јавува Sky News.

Девојчето било однесено на лекување во болница во Лондон, а властите во саботата соопштиле дека таа останала во болница во стабилна состојба.

Полицијата во неделата соопшти дека 12-годишното момче е обвинето за обид за убиство и поседување оружје.

Момчето, кое не може да биде именувано од правни причини, во понеделник ќе се појави пред Судот на Медвеј.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни