Свет

Луфтханза планира укинување на околу 1.000 работни места во Франкфурт и Минхен

Луфтханза планира укинување на околу 1.000 работни места во Франкфурт и Минхен

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ планира да укине околу 1.000 работни места во своите главни центри во Франкфурт и Минхен. Сепак, засега не е познато во кој рок и на кој начин ќе се спроведе намалувањето на бројот на вработени.

Компанијата има намера значително да ги намали трошоците за плати на вработените на двата аеродрома, се наведува во интерниот допис на раководството на „Луфтханза ерлајнс“ испратен до вработените, пренесува „Шпигел“.

За плановите претходно објавија и весникот „Ханделсблат“, како и порталите „The Pioneer“ и „Airliners.de“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни