Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 28 степени.
Продолжува периодот на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во вторник претпладне ќе има зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и благ пад на дневната температура.