4NEWS.mk

Се одложи „Топлик“, Јанакиески не беше во судницата

Отсуството на обвинетите Миле Јанакиески и Димитар Димовски го одложи судењето за предметот на СЈО, „Топлик“. Двајцата не беа спроведени од истражниот затвор “Скопје”. Судијата Осман Шабани рече дека судот не добил информација зошто не се реализирани барањата за спровод на обвинетите.

На рочиштето не присуствуваше и судијата поротник,  па судијата Шабани следното рочиште за предметот го закажа за 6 септември. Во „Топлик“ првоосомничен е екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“. Освен него, осомничени се уште пет лица.

Зоран Јаневски 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни