Девојчето кое се роди со царски рез откако мајка и беше убиена заедно со сопругот и постарата ќерка, почина во болница во Рафа.
Сабрин ал Сакани е родена со итен царски рез откако нејзината мајка претрпе фатални повреди во нападот на Рафа.
"Delivered by surgeons as her mother lay dying" pic.twitter.com/k1S3pjLdnR
— Saul Staniforth (@SaulStaniforth) April 22, 2024
Во хаосот во болницата, лекарите успеале да го реанимираат бебето кое не било добро ниту кога се родило, но успеало да преживее.
Меѓутоа, нејзината состојба се искомплицирала вчера кога имала сериозни проблеми со дишењето.
A baby girl was delivered posthumously after her pregnant Palestinian mother Sabreen Al-Sakani, her father and her older sister were all killed by an Israeli attack in Gaza’s Rafah pic.twitter.com/43SEpFgP60
— TRT World (@trtworld) April 21, 2024
Таа почина во четвртокот, а како што пренесуваат медиумите, ќе биде погребана до нејзината мајка, по која го доби името.
Да потсетиме, бебето тешко 1,4 килограми е родено со царски рез во 30-та недела од бременоста и веднаш е сместено во инкубатор.
Мајката на новороденото бебе спиела во семејната куќа со сопругот и ќерката кога почнал израелскиот воздушен напад, во кој тие биле убиени.