Македонија

Димитров со сочуство за загинатите на Халкидики

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, изрази сочувство за настраданите од невремето на Халкидики. Во силното невреме кое го зафати полустровот во средата навечер, животот го загубија 7 лица а преку 100 се повредени.

– Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските. Ние сме подготвени да помогнеме за се што е потребно, напиша Димитров на својот профил на „Твитер“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни