Oвeн – Последниот работен ден од оваа седмица може да ви биде еден од најнапорните. Покрај доста работа, може да очекувате и некои одложување или продолжување на роковите. Без најави на некои значајни пресврти на вашиот љубовен хоризонт во овој тек во однос на претходниот период.
Биĸ – Овој петок нема да биде наклонет кон вас ако имате намера да инсистирате на своите ставови. Некои детали веројатно ќе бидат малку нефункционални во љубовната сфера, па овој ден би можеле да го искористите да размислите од тоа малку да ја подобрите ситуацијата.
Близнaци – Овој петок може да ви следува „затегната“ комуникација со директната конкуренција, па би било добро да се воздржите од вербални конфликти. Нереалните ветувања кои не сте во ситуација да ги исполните, немојте ниту да ги давате, туку бидете искрени и отворени кон личноста која ви значи.
Paĸ – Иако можеби овој петок ќе бидете „затрупани“ со документација, ќе успеете се да завршите на време и да бидете задоволни. На љубовното поле, ќе имате за што да размислувате и причина да правите планови за разни акции, особено кога се во прашање нови познанства. Уживајте во добро друштво.
Лaв – Успешна завршница на оваа работна седмица е пред вас. Бидете внимателни со финансиите, можни се непланирани трошоци. Ако имате некои дилеми околу личност која ве привлекува, еве шанса конечно да ги разрешите со директна комуникација и без одложувања.
Дeвицa – Направете се да ги проверите информациите кои доаѓаат до вас, а малку нервирања во исправување на туѓи грешки доаѓаат денеска за крај на оваа работна седмица. На љубовното поле постои добра енергија од двете страни, која носи убави можности во најава.
Baгa – Последнито работен ден во седмицата може да очекувате солидни резултати на работното поле, со потсетување на заостанатите незавршени задачи поврзани со документација. Бидете реални во своите очекувања, и нема причини за нездоволство кога е во прашање љубовното поле.
Шĸopпиja – Ќе имате напорен ден, поради доста тековни работи, а нема да може многу да се потпрете на помош од соработниците. За слободните работите ќе изгледаат како да можат да почнат некоја приказна од минатото. Можеби на почетокот ќе биде интересно, но ќе трае кратко.
Cтpeлeц – На крајот од работната седмица, би требало да заокружите еден циклус на работни проекти и да се посветите на плановите во иднина. Мора двете страни да покажат подготвеност на компромис, да попуштаат еден на друг во некои напнати моменти, за се да функционира како треба.
Japeц – Крајот на работната недела го дочекувате изморено, но многу задоволни сте од остварените резултати на професионалното поле. Денешнито околности во љубовната сфера би може да ви годат, пред се ако немате некои проблеми од минатото, и доколку сте отворени за нови познанства.
Boдoлиja – Можно е во помош да ви пријдат некои лица кои не се секојдневно во вашето опркужување, но во оваа ситуација имаат добри идеи и можеби некои потребни контакти за помош. Интересни личности се во ваша непосредна околина, па малку вниавајте на сигналите кои ви пристигнуваат.
Pиби – Внимавајте на важните детали, бидејќи постои можност за пропусти, грешки, губење на важни документи. Во љубовта доколку сте задоволни од моменталната ситуација, уживајте во неа, а можни се големи промени, секако на подобро.