Свет

УЖАС! Падна бина на предизборниот митинг – ИМА МРТВИ!

УЖАС! Падна бина на предизборниот митинг – ИМА МРТВИ!

Најмалку четири лица загинаа, а 15 се повредени во мексиканската држава Нуево Леон кога силните ветришта урнаа бина на предизборен митинг за претседателскиот кандидат Хорхе Алварез Мајнез.

Несреќата се случила во градот Сан Педро Гарза Гарсија, а Мајнез, претседателот на партијата Граѓанско движење, се гледа на видеата на социјалните мрежи како бега додека сцената се урива, пренесува АП.

Градоначалникот на тој град Мигел Тревињо објави дека има луѓе кои се „заглавени и повредени“.

Претседателските избори во Мексико се одржуваат на 2 јуни, а според анкетите Мајнез е на третото место, по кандидатот на опозицијата Сочитл Галвез и поранешниот претседател на Мексико Сити и кандидат на владејачкото Движење Народна преродба, Клаудија Шајнбаум.

АП наведува дека оваа кампања досега ја одбележале убиствата на повеќе од 10 кандидати на локалните избори.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот кога структурата се урна додека неколку луѓе беа на сцената. Гувернерот на државата Самуел Гарсија ги повика локалните жители да останат дома поради силните грмотевици во областа.

Мајнез е кандидат на партијата Граѓанско движење и моментално е на третото место на националните анкети. Во објава на Х тој изјави дека самиот не е повреден, но дека се повредени неколку членови на неговиот тим.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни