Рано утринава две пиротехнички гранати биле фрлени врз израелската амбасада во Брисел, изјави израелскиот амбасадор во Белгија и Луксембург, Идит Розенцвајг-Абу.
Таа на платформата Х напиша дека сите во амбасадата се добро, дека нема повредени и дека не е причинета материјална штета.
„Белгиските власти, заедно со нашето обезбедување на амбасадата, го истражуваат инцидентот“, рече Розенцвајг-Абу.
Како што јави агенцијата Белга, маж утринава фрлил пиротехничка граната кон израелската амбасада во Брисел, соопшти бриселското обвинителство.
Полицијата излегла на лице место и го известила дежурниот обвинител.
На местото на настанот излегла Службата за отстранување и уништување на техничка и експлозивна направа.