Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска ги обвини Соединетите Американски Држави дека се одговорни за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси поради нивната политика на санкции што им забрануваше на компаниите да го сервисираат неговиот хеликоптер.
„Како човек, а не како претседател, би сакал да кажам дека гнасната, одбивна позиција на САД доведе до ова. Мислам пред се на санкциите. Овие никаквци немаа право да воведуваат санкции за бродови, авиони , хеликоптери кои превезуваат луѓе, рече тој на прес-конференција, пренесува ТАСС.
Во Иран беше прогласена петдневна жалост за смртта на Раиси, претседателот беше погребан во четвртокот во неговиот роден град Машхад.
Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други официјални лица загинаа кога хеликоптерот се урна на 19 мај во северозападниот дел на Иран.
Во несреќата загинаа и двајца телохранители, двајца пилоти и еден член на екипажот, објави Ирна.