Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата, а пренесува Тајмс оф Индија.
Пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек. Надлежните најавија дека секој што ќе биде одговорен ќе биде најстрого казнет.