Македонија

Поставил сатирична табла, полицијата го зела на распит – Касами: Ако правите вака со активистите, лично јас ќе пишувам графити

Вчера на улиците во Тетово, поставен сообраќаен знак на која е прикажан патоказ до седиштето на ДУИ – “Јавна куќа ДУИ“.

Во врска со ова, подебелиот крај го извлече Артан Етеми, активист на Движење Беса. Тој рано изутрина добил писмо дека треба да се пријави во полиција. По земањето на распит во СВР Тетово, тој вели дека му бил вршен политички притисок.

-Дома ми дојдоа двајца полицајци, ми доставија покана за во полиција за во 9 часот, а мене поканата ми стигна во 09.05 часот. Контактирав со полицијата и ми беше кажано да отидам во нивната станица. “Полицијата нас не обвинува дека сме поставиле неколку табли и графити но изутрина во Тетово, во моментов сум информиран дека само јас сум повикан во полиција-рече Адеми.

Во полициската станица во Тетово денеска бил  и претседателот на Движење Беса, Биљал Касами. Тој вели дека доколку продолжи овој притисок, ќе излезе и самиот тој ќе пишува графити по улиците на Тетово.

-Најавувам јавно дека доколку продолжи овој притисок врз активистите на Движење Беса, јас како лидер, од понеделник ќе го правам истото и нека наредат да ме затворат. Сите тие табли  се поставени за да се идентификува една криминална група, група за која се претпоставува дека е криминална, корумпирана, која ги има злоупотребено овие 15 години нанесувајќи му штета на интересот на Албанците-рече Касами.

Од ДУИ велат дека опозициските партии треба да престанат со графитите истакнувајќи дека довербата од народот не се стекнува на тој начин.

-Мислам дека опозициските партии треба да престанат со ваквите будалаштини бидејќи вака не се стекнува довербата на народот, туку да им предложиме да седнат и да изработат програма и проекти бидејќи владеењето не е детска игра туку сериозна посветеност на луѓе кои имаат знаење и искуство да го подобрат животот на луѓето-изјавија од ДУИ.

Од СВР Тетово велат дека истрагата за расчистување на случајот е во тек.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни