Свет

Белгија испраќа 30 борбени авиони Ф-16 во Украина, изјави Зеленски денеска во Брисел

Белгија испраќа 30 борбени авиони Ф-16 во Украина, изјави Зеленски денеска во Брисел

Белгија ќе се обврзе да и обезбеди на Украина 30 борбени авиони Ф-16, а првите испораки се планирани за оваа година, изјави министерот за надворешни работи на земјата Хаџу Лабиб, пренесува Ројтерс повикувајќи се на агенцијата Белга.

Најавата за испорака на авионот доаѓа неколку часа пред средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и белгискиот премиер Александар де Кроа во Брисел, на која се очекува да биде потпишан безбедносен договор меѓу двете земји, јавува Ројтерс.

Вчера Зеленски ја посети Шпанија, која вети воена помош за Украина од една милијарда евра оваа година, како дел од безбедносниот пакт што претседателот на Украина го потпиша со шпанскиот премиер Педро Санчез.

Украина потпиша голем број безбедносни договори со своите западни партнери, кои и гарантираат долгорочна помош во форма на набавка на оружје и обука на украинската армија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни