Свет

Пукање во Лондон, има повредени!

Пукање во Лондон, има повредени!

Тројца возрасни и едно дете, кое е во тешка состојба, се ранети во пукотница што се случила синоќа во близина на ресторан во североисточниот дел на Лондон.

Би-Би-Си јавува дека полицијата примила повик од улицата Кингсленд во Далстон околу 21.20 часот, откако таму биле испукани истрели.

– На местото на пукањето дојдоа полицајци, меѓу кои и специјалисти за огнено оружје, како и лондонската Брза помош – соопштија од полицијата на британската престолнина.

Се вели дека четири лица се здобиле со прострелни рани и се пренесени во болница во источен Лондон.

Во полициското соопштение пишува дека детето се уште е во тешка состојба, а се очекуваат дополнителни детали за состојбата на останатите жртви од престрелката.

Се наведува дека засега никој не е уапсен и дека се уште се утврдуваат околностите на инцидентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни