Претставничката на Ирска на Евровизија оваа година, Бамби Туг, која се опишува себеси како небинарна личност, за медиумите потврди дека има истрага за настаните за време на натпреварот.
Во утринската програма на Ирланд АМ, таа откри дека е покрената истрага затоа што ги пријавила до ЕБУ коментарите на израелската телевизија КАН за нејзиниот настап за време на полуфиналето. Бамби Туг смета дека ваквите коментари ги прекршуваат правилата на натпреварот.
Истрагата вклучува и наводен притисок од израелската делегација за време на генералната проба за големото финале кога Бамби не можеше да учествува на парадата на знамето.
На денот на финалето, ирската делегација имаше средба со ЕБУ каде неколку национални телевизии се заканија дека ќе го повлечат преносот.
Бамби во утринската програма изјави дека не може да зборува за тоа што се случило во Малме додека не заврши истрагата.
Потсетуваме дека Бамби Туг ја претставуваше Ирска со песната Doomsday Blue и го освои шестото место со 278 поени, што е најдобар резултат на Ирска од пред 24 години, кога Имон Тоал исто така беше шести со песната Millennium of Love во 2000 година, пишува Јутарњи лист.