Свет

Во Турција запленети 373 килограми кокаин

Во Турција запленети 373 килограми кокаин

Девет лица се приведени и запленети 373 килограми кокаин во полициската акција „Наркочелик-20“, што беше спроведена во Истанбул и Бурса, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Таа акција е извршена со намера да се спречи организирана криминална група да доставува кокаин од Јужна Америка во Турција, рече Јерликаја.

Тој додаде дека во Бурса во близина на пристаништето Гемлик биле пронајдени 373 килограми кокаин.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни