Гзим Река веќе две години работи во Комунална хигиена Скопје. Се жали за лошите услови поради кои имаат и здравствени проблеми.
„Проблемот е што немаме камиони. Тие камиони доколку не се Рено со дигалка, тогаш ние фаќаме со раце. Поради вода, поради тежината на кантите. Поради тоа имаме проблеми со кичмата.“, вели Река.
За овие маки Гзим му се пожалил на директорот, но наместо одговор добил закани дека ќе биде избркан од работа.
„Реакцијата на директорот беше – ако сакаш работи, ако не, земи си го договорот и оди си, има кој да работи на твое место“.
Н- Така кажа директорот?
„Така рече директорот. И јас му реков дека тоа не е негова компанија, како може. Му реков – бркате човек кој 11 години работел овде“.
Река вели дека и неговите колеги се жалат, но се плашат да зборуваат јавно за своите проблеми. По неговите реакции за условите на работа, Река сега не знае дали се уште му стои работното место.
„Колегите ми велат немој зашто ќе те избркаат од работа. Тие се плашат да зборуваат, бидејќи веднаш ти даваат отказ, сега дали сум вработен или не, не знам“
Н- Имаш договор?
„Да, имам договор, но во оваа држава нема договори“
Директорот на Комунална хигиена Скопје, Абдулсамед Шабани негира дека вработените во ова претпријатие работат во лоши услови. Жалбите на Река ги нарече индивидуален случај на некој што е незадоволен од работата.
Н- Со оглед дека се жали за работа, сте му рекле – ако ти се работи, добро, ако не, оди си, ќе дојде друг на твое место…
Шабани: Немало таков одговор од моја страна. За конкретниот случај, лицето било кај мене, го ангажирав како сезонски работник во КХ. Тоа што можевме да го направиме за него го направивме, сега му рековме да продолжи со нивната секојдневна работа, не е прв пат да се соочат работниците со оваа работа.
Што се однесува до вработувањата, Шабани вели дека тој не е одговорен за објавување конкурс. Од околу 1600 вработени, директорот вели дека 150 се сезонски работници за кои одлучува Град Скопје. Други 200 имаат договор преку Агенцијата за привремени вработувања, а другиот дел се со решение, вели Шабани негирајќи го одложувањето за давање решенија за работа или за бркање на работници без причина.
РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ