Свет

ВИДЕО Медведев објави мапа на Русија, на неа присвоена и Украина

ВИДЕО Медведев објави мапа на Русија, на неа присвоена и Украина

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, на својот канал Телеграм објави видео во кое го честита Денот на Русија, на кое е прикажана карта на Русија која ја вклучува Украина.

„Среќен ден на Русија“, напиша Медведев во описот на видеото.

На видеото може да се слушне руската химна и се гледа карта на Русија – од далечниот исток до западните граници.

Сепак, Медведев ја вклучи Украина како дел од Русија до границата со Полска.

Украина сè уште не го коментирала ова видео.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни