Свет

Затворска казна бидејќи чувала стаорци во лоши услови, имала повеќе од 100 во нејзината куќа

Затворска казна бидејќи чувала стаорци во лоши услови, имала повеќе од 100 во нејзината куќа

Сара Џордан од Англија е осудена на четири недели затвор и 18 месеци условна казна бидејќи чувала повеќе од 100 стаорци како домашни миленици.

Осудената им дозволила на стаорците неконтролирано да живеат и да се размножуваат во нејзината куќа во Ланкашир, се вели во соопштението на Кралското друштво за спречување на суровост кон животните, пренесува rts.rs.

Во куќата на Сара биле пронајдени дури 38 глодари кои слободно се движеле по собите, но и 74 од нив кои биле во кафези.

Друштвото наведува дека „силен мирис на амонијак се чувствувал во воздухот и било речиси невозможно да се дише“.

Кралското друштво за спречување на суровост кон животните, исто така, објави дека неколку стаорци кивале и имале респираторни проблеми, три глодари го изгубиле крзното, а на нивните тела се видливи красти. На еден стаорец му недостасуваше половина од опашката.

Дополнително, утврдено е дека голем број женки имале легло со по околу 80 младенчиња.

Јорданова се изјасни за виновна по четири точки од обвинението според Законот за благосостојба на животните.

Покрај затворската казна и куќниот притвор, таа доби и казна според која и е забрането да чува животни, освен мачки, во следните 15 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни