Македонија

Покрај предупредувањата на УНЕСКО за Охрид – „Дивоградбите се бројат на прсти“, вели Адеми

Дивоградбите во Охрид се бројат на прсти, тврди министерот без ресор Едмонд Адеми. Според него има малку дивоградби како што се куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас на Охрид. Во интервју за Радио слободна Европа Адеми рече дека најголемиот дел од овие објекти се гаражи, огради или дополнителни скали.

Но, во извештајот на УНЕСКО објавен при последната посета на експерти во регионот на Охрид, се истакнува дека состојбата во овој регион се влошува. Обвинуваат дека на Охрид му се заканува сериозна деградација на заштитениот екосистем. Според Организацијата за образование, наука и култура при ОН, ова е последица од пренатрупаност во инфраструктурата.

Забелешката е дека во Баку каде учествуваше и Едмонд Адеми, претставена е листа од 1076 дивоградби, но активистите велат дека од Извештајот од 2015, за имплементација на законот за легализација на дивоградби, од страна на Народниот правобранител, ќе се утврди дека само во општина Охрид, без Струга и Дебарца, се доставени барања за легализација на над 11 илјади дивоградби. Министерот без ресор ги негираше ваквите тврдења. Од друга страна, дел од невладините организации тврдат дека еден текст пред претставниците во УНЕСКО бил презентиран еден, а во Собранието се дебатира за друг нацрт закон. Последниот објект кој предизвика реакции е пица ресотранот Луна, изградена кај Чинарот во Охрид, во заштитената зона, а која е во соопственост на Нефи Усеини, советник во Општина Охрид од редовите на ДУИ. Свеченото отврорање се случи иако има решение за рушење и во моменти кога од УНЕСКО стигнуваат сериозни забелешки за Охрид.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни