Македонија

Мицкоски: Нема да можеме да отпочнеме преговори ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот

Мицкоски: Нема да можеме да отпочнеме преговори ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот

На својот фејсбук профил, премиерот Христијан Мицкоски вели „ние нема да може да бидеме спремни да ги отпочнеме преговорите ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот“.

„Ние нема да може да бидеме спремни да ги отпочнеме преговорите ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот, што значи дека тоа е дел од бугарското малцинство во Македонија. Кој може нам да ни гарантира дека ова е последно барање?

Во судот за човекови права во Стразбур, имаме 14 пресуди кои велат дека правата на Македонската заедница во Бугарија се повредени. И тука се поставува логично прашање, чии права се повредени?!“ – стои во објавата на Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни