Возачот на ЈСП со број 2, Февзи Арифи денеска во изјава за медиумите истакна дека му е жал за патниците.
Според него, доста е со партал возила да убиваат патници кои не се виновни.
„Јас го приметив, меѓутоа јас го земав возилото како… А, тоа не знам, потпишано е, директоре, многу пати јас со мојата рака ќе напишам дефект, ќе пријавам дефект, утреден го земаме со истиот дефект потпишано дека е сервисирано, исправно е за линија, меѓутоа ништо не е пипнато. Пред да ми се случи јас слушнав дека пукна во воланот нешто и ме повлече, јас да се качам таму, ова прв пат ми се случува“, рече Арифи.