Свет

ВИДЕО/ФОТО: Полицаец застрела фудбалер на сред меч во Бразил, соиграчите побегнаа:

ВИДЕО/ФОТО: Полицаец застрела фудбалер на сред меч во Бразил, соиграчите побегнаа:

Насилството во бразилскиот фудбал доби нова димензија претходната вечер кога полицаец во обид да ги смири тензиите на натпревар меѓу два тима, застрела фудбалер во ногата.

Тоа беше дуел меѓу јуниорските екипи Гремио Анаполис и Сенто Оесте, во рамките на првенството во Гвајана.

На крајот од мечот дојде до тензии, играчите на домашната екипа Гремио го нападнаа судијата, дојде до пресметка и со противничкиот тим, а потоа еден од полицајците одлучи дека најдобар начин да ги смири „жешките глави“ беше со пукање во нога на фудбалер.

Без никаква оправдана причина, што е јасно видливо на видеото.

Повреден е голманот на Гремио Рамон Соуза.

За негова среќа, тој беше погоден од пластичен куршум, па неговиот живот не е во опасност, но јасно е дека ова беше болно искуство за голманот на Гремио.

Тој веројатно никогаш не доживеал нешто слично во кариерата.

Гремио очекувано најави дека ќе поднесат тужба против полицаецот кој го испука куршумот и го рани нивниот голман.

Натпреварот заврши со победа на гостите од 1:2.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни