Свет

Свадбената веселба завршила со апсење на младоженецот и одземање на необичен подарок

Свадбената веселба завршила со апсење на младоженецот и одземање на необичен подарок

Австриските полицајци уапсија младоженец осомничен за дилер на дрога пред сала за венчавки во Линц. За време на операцијата земен е и свадбен подарок во вид на капсули морфиум, јавуваат австриските медиуми.

Во Линц оваа недела, 31-годишен младоженец беше уапсен пред сала за венчавки под сомнение дека тргува со дрога.

Австриската полиција запленила и „необичен свадбен подарок“ во вид на капсули морфиум, јавува австриската новинска агенција АПА.

Полицијата соопшти дека младоженецот ја признал вината. Тој објасни дека од неговото ослободување од затвор во ноември минатата година, продавал трева за да ја финансира својата зависност од опијати.

Исто така, уапсен е и еден од сведоците на свадбата, по кој со недели се трагаше по судска наредба.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни