Премиерот Христијан Мицкоски денес остварил продуктивна средба со познатиот новинар Ричард Квест и Филм Нелсон. Тој на фејсбук профилот напиша дека „направил краток брифинг за актуелната политичка состојба“.
„Денес во седиштето на CNN остварив продуктивна средба со познатиот новинар Ричард Квест и Фил Нелсон, извршен потпретседател на CNN. Направив краток брифинг за актуелната политичка состојба и позициите на Македонија и разговор за можностите за промоција на капацитетите и потенцијалите на државата на овој угледен и реномиран медиум“, напиша Мицкоски.