Свет

Воен хеликоптер во Камбоџа исчезнал во петокот: Министерството дури денеска и соопшти на јавноста

Воен хеликоптер во Камбоџа исчезнал во петокот: Министерството дури денеска и соопшти на јавноста
ФОТО: 4news

Министерството за одбрана на Камбоџа дури денеска соопшти дека во тек е потрага по воен хеликоптер кој исчезна за време на обука во петокот над пошумениот планински венец Кардам на југозападот на земјата, пренесе агенцијата АП.

Камбоџанските медиуми соопштија дека во кусото воено соопштение се вели дека времето е лошо, но не е наведено колку луѓе имало во хеликоптерот З-9 од кинеско производство.

Во 2014 година, двајца генерали кои ја предводеа хеликоптерската единица на воздухопловните сили и двајца пилоти, исто така, загинаа во хеликоптер З-9 од кинеско производство, кој се урна во езеро јужно од главниот град на Камбоџа, Пном Пен.

Причината за тој пад не е целосно разјаснета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни