Свет

Градот во кој за 24 часа од горештините загинаа 21 лице, е во шестата година на суша

Градот во кој за 24 часа од горештините загинаа 21 лице, е во шестата година на суша

Горештините усмртија 21 лице за 24 часа во градот Бени Мелал, во централно Мароко, за време на уште еден топлотен бран што ја погоди земјата во шестата последователна суша година.

Најголем дел од починатите се хронично болни и стари лица“, се вели во денешното соопштение од Министерството за здравство.

Генералната управа за метеорологија најави силен топлотен бран од понеделник до среда, со температура до 48 Целзиусови степени во Бени Мелал и во неколку други области.

Мароко забележа рекорди на топлина минатата зима, а јануари беше најтопол од 1940 година со близу 37 степени на некои места.

Зголемените температури го загрозуваат земјоделството кое е од суштинско значење за Маркоко и ги празнат езерата.

Испарувањето на водата достигна „еден и пол милион кубни метри дневно“, изјави министерот за водостопанство Низар Барака на крајот на јуни.

Највисоката температура во Мароко е измерена во август 2023 година во Агадир, на југ, и изнесувала 50,4 степени Целзиусови.

Климатските промени предизвикуваат подолги, посилни и почести екстремни временски настани како топлотни бранови и поплави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни