За фустанот на Лејди Гага не се искубени птици!
Раскошност, симболика, традиција и иновација! Еве што видовме на отворањето на Олимписките игри во Париз!
4-часовното шоу сигурно уште долго ќе остане во главите на гледачите – оние 300.000 околу реката Сена и над 1,5 милијарди пред екраните ширум светот. И не помогнаа само спортистите! Не можеме, а да не им оддадеме признание на музичките уметници, меѓу кои и Лејди Гага, која се претвори во вистинска кабаре актерка.
Добитничката на 1 Оскар и 14 Греми, родена во Њујорк, ја изведе песната на легендарната балерина и пејачка Зизи Жанмер „Mon truc en plume“ („My feathered Thing“) во соодветна облека – сатенска биста и здолниште со розови пердуви.
Модната куќа која го направи импресивниот аутфит веќе објасни дека ниту една птица не е повредена, иако сите пердуви се природни. Ниту еден од нив не е искубан!
View this post on Instagram
„Честитки до сите спортисти на Олимпијадата во Париз! Беше апсолутна чест да пеам за вас и да навивам за вас! Секогаш плачам гледајќи ја Олимпијадата! Има огромени таленти! Нека почнат игрите!“, напиша Гага по нејзиниот настап.
Истата модна куќа го изработи и белиот фустан на Селин Дион, кој за прв пат се појави на сцената по 2022 година, кога таа откри дека боледува од таканаречениот синдром Стиф Ман.
Токму нејзиниот настап беше врв на вечерта заедно со палењето на олимпискиот оган.