Македонија

СДСМ Владата ја користеле како штаб, а во подрум штампале изборен материјал на плотери, рече Јанушев

СДСМ Владата ја користеле како штаб, а во подрум штампале изборен материјал на плотери, рече Јанушев

Во подрумите на Влада пронајдени се два плотери на кои според генералниот секретар на Влада се штампале изборните материјали на СДСМ.

„Овие две машини се плотери. Профи плотери. За овие има сериозни индиции дека се користени, во Владата се, во подрумот во депото, не се користат веќе некое време, но има сериозни индиции дека на нив се печатени изборните материјли на СДСМ“, изјави Игор Јанушев – генерален секретар на Владата.

Тој ги повика надлежните институции да влезат во Влада и да проверат преку меморијата на уредите што точно било печатено и од кого. Претходно во интервјуто за Сител тој рече дека Владата се користела како штаб на СДСМ.

Таму се чувале материјали потребни за избори, конгреси и сл. „Од Влада функционирале како штаб“

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни