Македонија

На 4-ти септември започнува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

На 4-ти септември започнува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот 74-годишнииот Панче Жежовски започнува на 4 септември.

Основниот кривичен суд вели дека заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираат јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж, во согласност со странките е насрочена за 04.09.2024 година во 10:00 часот во судница 1.

Оттаму дополнуваат дека расправата која требаше да се одржи денеска е отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство поради спојување на двете постапки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни