Пет лица се блокирани во куќа во светиниколското село Строименци, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Според него, нивното извлекување е отежнато поради пожарот.
„Упатен е еден полициски хеликоптер кој треба да фрли вода околу куќата која што се уште не е во пламен“, вели Ангелов.