Пожар избувна и на Илинска планина во Охрид. Благодарение на брзата реакција на охридските пожарникари, е ставен под контрола.
На снимката објавена од ТППЕ Охрид, се гледа како пожарникарите го гасат оганот.
Пожари незапирливо се шират низ цела Македонија. Особено критично е во источниот дел, во Пехчево, каде што во моментот дејствуваат и хеликоптери.