Игор Филков, министерот за правда потпишал барање за екстрадии на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривично дело „тероризам“ во случајот „Монструм“ за убиството на децата кај Смилковското езеро. Барањето за екстрадиција е упатено кон Косово, каде што се наоѓаат двајцата осуденици.
Тој напомена дека за лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15 март 2013 година, но тоа беше одбиено.
-За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година, додаде Филков.
Како што посочи, на 8 октомври 2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.
-Во постапките, сè што беше побарано од косовските власти беше доставено. Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати, во февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016. После шест години, повторно бараме нивна екстрадиција, рече Филков.