Свет

ГЛЕДАЈТЕ ГИ ДЕЦАТА: Бебе доживеа струен удар откако ставило кабел во уста!

ГЛЕДАЈТЕ ГИ ДЕЦАТА: Бебе доживеа струен удар откако ставило кабел во уста!

Едногодишно бебе од Воскресенск во Русија настрадало од струен удар додека си играло со ТВ-кабел.

Девојчето е пренесено во болница со изгореници на јазикот и слузокожата во устата.

Се движела низ станот кога го здогледала ТВ-кабелот во дневната соба. Љубопитна, отишла да истражува и извадила електрична жица која ја ставила во устата.

Веднаш доживеала струен удар, а од болка и шок малото девојче почнало да плаче.

Мајка и татко, кои во тоа време биле во кујната и подготвувале оброк, веднаш втрчале во дневната соба.

Веднаш ја однеле во болница каде и укажале прва помош и ја оставиле на понатамошно лекување, пренесуваат руските медиуми.

Лекарите не сакаат да прават претпоставки за понатамошниот тек на лекувањето на девојчето, како и претпоставки за тоа кога би можело да се подобри.

На родителите им се препорачува да ги проверат сите електрични жици во областа каде што се малите деца и да внимаваат на нив додека си играат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни