Свет

Австралиски олимпиец уапсен поради купување кокаин во Париз: Ослободен, а пристигнало објаснување

Австралиски олимпиец уапсен поради купување кокаин во Париз: Ослободен, а пристигнало објаснување

Австралискиот хокејар на трева Том Крег е пуштен од притвор откако беше уапсен во Париз поради купување кокаин.

Крег, кој е освојувач на сребрен медал на Олимписките игри во Токио, бил уапсен додека купувал кокаин во деветтиот арондисман на Париз.

Полицаец бил сведок на набавката на кокаин, а покрај австралискиот хокеар, во притвор заврши и 18-годишен продавач. Полицијата му издаде предупредување на Крег, изјави Доминик Саливан, портпарол на австралискиот тим.

Француските медиуми јавуваат дека 28-годишниот Крег купил околу еден грам кокаин.

„Прво би сакал да се извинам за она што се случи во последните 24 часа. Направив ужасна грешка. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки“, рече Крег додека ја напушташе полициската станица.

„Моите постапки се мои и во никој случај не ги одразуваат вредностите на моето семејство, моите соиграчи, моите пријатели, мојот спорт и австралискиот олимписки тим. Сите ве засрамив. Навистина ми е жал“, додаде тој.

Инаку, Австралија во неделата го заврши натпреварувањето во машки хокеј со пораз од Холандија во четвртфиналето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни