Македонија

Изградба на пречистителна станица, се чисти депонијата во село Фалише, каде завршува отпадот?

Вицепремиерот Бујар Османи и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, го посетија селото Фалише каде треба да почне изградбата на пречистителна станица. Пред да почне изградбата, зоната се расчистува. Од 170 илјади метри кубни отпад, до сега 90 илјади кубни метри се дислоцирани во депонијата Дрисла, вели градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

„Ова е еден од поголемите проекти кои ги доби градот Тетово и конечно се ближиме кон практична реализација. Има и една друга димензија што сакам да ја подвлечам, е фактот дека со расчистувањето на ова место овде конечно во општина Тетово веќе нема да има ниту една депонија“, изјави Теута Арифи – градоначалник на Тетово.

Чистењето и пренесувањето на отпадот во Дрисла и подготовката на теренот во Фалише, е финансирано од Владата и општина Тетово  со 2.3 милиони евра, а Норвешка со 700 илјади евра го финансира транспортот на отпадот, во рамки на проектот – норвешка поддршка за напредок на Северна Македонија.

Но, од Алијанса за Албанците обвинуваат дека камионите кои го носат отпадот собран од расчистувањето на просторот кој се подготвува за пречистителна станица не завршуваат во Дрисла, туку на полињата во Полошкиот регион.

„Чистењето на отпадот треба да заврши во депонијата Дрисла, а информациите говорат дека завршува во отворени дупки на Полошкото поле, бидејќи фрлањето отпад воовие дупки не се плаќа како што се плаќа во депонијата Дрисла“, изјави Алтрим Махмути од Алијанса за Албанците.

ТВ21 во потрага по местата за кои Алијанса за Албанците тврди дека се фрла одпат. Пронајдовме такви кратери, со големина на фудбалско игралиште, во нив имаше отпад, но не од денеска, туку веќе извесно време стои таму.

Овој простор припаша на општина Врапчиште со која раководи Алијанса за Албанците. Од општината велат дека оваа дупка е отворена пред 15 години и дека наскоро  ќе се преземат мерки за нејзино расчистување.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни