Македонија

Затвореник се заканувал со пиштол на подрачјето на Бит Пазар

Затвореник се заканувал со пиштол на подрачјето на Бит Пазар

Вчера во 17.30 часот во Скопје, било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар настанала вербална расправија помеѓу Х.В.(56) и Н.В.(51) двајцата од Скопје. При расправијата Н.В. со огнено оружје упатил сериозни закани кон Х.В. и неговото семејство, а во еден момент извршил и оштетување на патничко возило „Голф“ сопственост на Х.В. Бидејќи Н.В. е лице кое издржува затворска казна во Казнено поправна установа „Идризово“, со наредба од Основен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом. По насоки на ОЈО, лицето е однесено во Казнено поправна установа „Идризово“. По целосно документирање на случајот против Н.В. ќе биде поднесена пријава за сторени кривични дела по член 144 став 2 и член 133 од Кривичниот законик, „Загрозување на сигурноста“ и „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни