Македонија

Акциски контроли во Скопје: 18 сообраќајни прекршоци, приведени повеќе лица

Акциски контроли во Скопје: 18 сообраќајни прекршоци, приведени повеќе лица
Фото: 4news.mk

Во текот на ноќта во Скопје биле спроведени засилени полициски контроли во централното градско подрачје, при што биле откриени повеќе сообраќајни и други прекршоци. Во акцијата биле опфатени и угостителски објекти, а полицијата затекнала малолетници кои консумирале алкохол.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека контролите биле реализирани во периодот од 14 до 15 ноември, од 22 до 07 часот, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, во координација со Државниот пазарен инспекторат.

При акцијата биле констатирани 18 прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дванаесет лица биле лишени од слобода по член 215 од Кривичниот законик, едно лице поради безобѕирно управување со моторно возило, а три лица по член 204 од Кривичниот законик. Дополнително, пет лица биле приведени поради прекршоци согласно членовите 4 и 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Полициските службеници извршиле контроли и во неколку угостителски објекти. Во еден од нив биле затекнати седум малолетници кои консумирале алкохол, додека во друг случај било утврдено дека трафика продавала алкохолни пијалаци на малолетни лица. Во координација со Државниот пазарен инспекторат биле преземени мерки за санкционирање.

Паралелно со овие активности, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле контрола на техно-забава организирана во подземниот паркинг на улицата „Кресненско востание“.

На настанот биле легитимирани 65 лица, а бил извршен преглед на 13 возила. Едно лице било лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека за сите утврдени прекршоци ќе бидат поднесени соодветни пријави и ќе следуваат санкции.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни