На почетокот на новата работна недела, територијата на целата држава е зафатена од високи температури од портокалова фаза.
Поради тоа, Владата вчера одржа седница на која беа усвоени неколку препораки и мерки.
Се препорачува ослободување од работа во понеделник до среда на бремените жени и лицата над 60 години.
Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Во градинките да не се практикуваат физички активности на отворено од 11 до 17 часот, а општините, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.